Турција е подготвена за летната сезона 2021 година со засилени безбедносни мерки.

Како што објавија од турското министерство за култура и туризам, сертификатот за безбеден туризам, што беше лансиран во јуни 2020 година и кој имаше за цел да потврди дека сите места со кои стапуваат во контакт туристите вклучувајќи ги аеродромите, сместувачките капацитети, рестораните, кафулињата, културните, уметничките и конгресните објекти, објектите за морски туризам и возилата како и тематските паркови се безбедни, е доделен на повеќе од 9.800 бизниси во втората година од неговото лансирање.

Почнувајќи од 2021 година, Турција го направи овој сертификат задолжителен за сите сместувачки капацитети со капацитет од 30 и повеќе кревети. Турција исто така им даде приоритет на туристичките работници во рамки на националната програма за вакцинација и е подготвена за летната сезона со високи безбедносни стандарди.

Министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, говореше за подготовките за летната сезона 2021 година на настанот на кој присуствуваа амбасадорите на странски мисии во Турција од 21 до 23 мај.

Во 2020 година пречекавме 16 милиони туристи во нашата земја. Безбедноста на туризмот беше наш најголем приоритет во текот на минатата година со програма за сертификација, која стана една од најдобрите практики во светот. Со безбедни, ефективни и дисциплинирани практики и мерки што ги спроведовме, нашата програма за сертификација стана една од најуспешните имплементации во светот и имавме успешна сезона.

 

Прво, ја направивме задолжителната сертификацијата за сместувачките капацитети со 30 и повеќе кревети, а потоа ја зголемивме  фреквенцијата на инспекциите за да се осигура дека овластените бизниси ги почитуваат правилата. Во рамки на национална програма за вакцинација, до сега  повеќе од 27 милиони Турски граѓани се вакцинирани.

 

Програмата за вакцинација, во чии рамки даваме приоритет на туристичките работници, ќе продолжи да се забрзува  во јуни. Турција беше водечка земја во безбеден туризам минатата година. 2021 година ќе биде година на зголемена безбедност. Ние сме подготвени за летната сезона 2021 година со повеќе од 10.000 туристички капацитети низ цела Турција – изјави Ерсој.

Амбасадорите ги видоа мерките на самото место. Министерствота и Агенцијата за унапредување и развој на туризмот во  Турција (ТГА) беа домаќини на амбасадорите на настанот наречен „Безбеден туризам“ што се одржа во Анталија.

Министерот Ерсој, во својот говор додаде дека Министерството има за цел да им овозможи на сите претставници на странските  мисии во Турција да ги доживуваат директно преземените мерки во Турција.