Грчкиот остров Закинтос на Јонско Море ноќеска го погоди силен земјотрес, но според информациите освен помала штета на објекти нема поголеми последици или настрадани лица, освен што предизвика паника кај населението.
Потресот бил 6.4 според Рихтер и се смета за многу силен земјотрес. Тој бил регистриран на 10 километри под нивото на морето. Земјотресот е почуствуван и на Малта, Албанија, Либија и во јужните делови на Македонија.
Земјотресот е регистриран во 01.54 часот ноќеска на 44 километри југозапдно од Закинтос. Германски и американскии сеизмолошки апарати измериле јачина од 6.7-6.8 Рихтерови степени. Бидејќи епицентарот му бил на отворено море тој не предизвикал поголеми материјални штети.
Comments are closed for this post.