Древниот бугарски град и главен град Воден е познат по своите водопади, кои денес се природни убавини, а во неодамнешното минато биле извор на благосостојба за Бугарите во градот, пишува БГНЕС во денешниот текст во кој се гледа невидена леснотија со која се прогласуваат бугарски градови во Грција, а Софија не бара за тоа да расправа историска копмисија, пишува бугарската агенција „БГНЕС“.
„Благодарение на ова водно богатство, го добил и своето модерно бугарско име. Низ градот тече реката Вода, која, меѓу другото, има неколку прекрасни водопади. Реката имала три притоки што минувале низ градот. Во отоманската ера, едната била турска сопственост, а другите две биле грчка и бугарска. Бугарските сопственици биле од познатото бугарско преродбеничко семејство Занешеви, кои активно учествувале во борбите за бугарска црква и световно образование во 1860-тите и 1880-тите. Еден од водопадите во градот се наоѓал и во една од нивните куќи.
Comments are closed for this post.