Засега нема извештаи за жртви, но евакуирани се 17 населени места, како и два манастири

Огнот, кој ги зафати планините над Коринтскиот Залив во Грција, гори втор ден по ред, поттикнат од силниот ветер, принудувајќи стотици луѓе да ја напуштат областа.

Во текот на целата ноќ, спасувачите и пожарникарите продолжија со борбата против првиот голем шумски пожар во сезоната, кој веќе уништи скоро 20 километри шума, известуваат од грчката цивилна заштита.

Од раните зори, 12 авиони и три хеликоптери продолжија со гаснењето, а 278 пожарникари со 89 противпожарни возила се распоредени на местото на пожарот.