Воислав Шешељ, водачот на Српската радикална партија, утринава беше опериран на Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“.
Како што потврди „Блиц“, во Институтот, на Шешељ му бил заменет дел од пејсмејкер, кој му бил вграден во болница во холандскиот град Лајден пред пет години.
Операцијата траеше еден час и половина, пациентот е добар и ќе остане хоспитализиран некое време – вели извор од Институтот.
Според изворот дел од пејсмејкерот, бил заменет со нов, бидејќи му истекол рокот.
Што се однесува до самата интервенција, не е многу рутински, но помина добро, навел изворот.
Comments are closed for this post.