Балканот е познат по разни манифестации но дека во Србија се одржува „Гробаријада“ сигурно немавте слушнато.

Во стилот на филмот „Маратонците го трчаат почесниот круг“ и фамилијата Топаловиќ во Пожаревац секоја година се собираат фирмите кои го работат погребалниот бизнис за да си ги претстават новитетите кои се купуваат за на „оној свет“.

Газдите велат дека иако изгледа по малку морничаво бизнис си е бизнис и дека луѓето се интересираат за погреби и за се што е потребно за испраќање на покојникот.