Во рацете на албанските граѓани се уште има 325.000 парчиња оружје,кое го поседуваат нелегално.
Овој податок се наведува во усвоената владина стратегија, која започна со подготовка на акционен план за намалување на оружјето кое нелегално го поседуваат граѓанте.
-Грабежот во армските депоа за време на пролетните немири во 1997 година значително го зголеми бројот на оружје, муниција и експлозивен материјал во рацете на граѓаните. По толку години, иако се преземени серија акции за доброволно предавање, повторно, околу 40 отсто од оружјето продолжува да биде во рацете на цивилите,стои во документот.
Во него се нагласува посебна загриженост во врска со поседувањето на експлозив, бидејќи од околу 16 милиони парчиња колку што се претпоставува дека се украдени, во акциите предадени се само две илјади.
Исто така од воените депоа беа украедн над 550.000 парчиња оружје и околу 839 милиони муниција од различни калибри.
Во документот на Владата се наведува дека огненото оружје и боевата муниција,која нелегално ја поседуваат граѓаните и нивната злоупотреба и понатаму претставуваат извор на сериозен ризик за животот на самите граѓани, како и за јавниот ред,мир и безбедност.
Покрај внатрешните барања за зголемување на јавната безбедност, оваа стратегија ќе придонесе и за регионалната и за безбедноста на ЕУ преку граничната контрола, како и за борба против нелегалниот извоз и увоз на оружје, муниција и експлозиви.
Comments are closed for this post.