Љубомир Марковиќ Кича (37) вечерва е убиен со два куршуми во глава во близина на бензинска пумпа во Врачар, Белград.
Присутните слушнале осум истрели, Марковиќ се обидел да побегне од напаѓачот, но сепак не успеал да се спаси бидејќи бил ранет, а потоа бил усмртен со два истрела. Полицијата пронашла оружје и кај жртвата.
Марковиќ беше познат како еден од лидерите на навивачите на Партизан. Тој го усмрти навивачот на Тулуз, Французинот Брус Татон кој беше брутално убиен во Белград. Првично доби 30-годишна, а потоа 15-годишна затворска казна, за да излезе од затвор во 2017 година.
Comments are closed for this post.