Откриен е подрумот во кој како робови биле држени 165 Бугари близу францускиот град Лион. Тие биле излажани дека ќе заработуваат дневно. Но, наместо тоа биле сместени во лоши услови и од дневниците им биле одземани трошоците за превоз и храна.
Работниците со потекло од Бугарија работеле со месеци со француските производители на вино без надомест.
Оваа голема афера е откриена во кампања против организираниот криминал, објави Европол.Француската полиција уапси четири лица. Со лисици на рацете се приведени тројца Бугари и едно лице од Франција. Тие се приведени откако полицијата идентификувала 167 можни жртви на денешното ропство. Тие работле во четири фабрики за вино во близина на Лион, според полициската агенција на ЕУ.
Осомничените бугарски државјани се одговорни за парите, додека еден француски член на бандата организирал логистика и организација на сместување на работниците“, посочуваат од Европол.
Comments are closed for this post.