Неидентификувани лица украле мост од триесет метри што се наоѓал во околината на босанскиот град, Зеница, соопштија од компанијата БХ-Гас. Како што наведуваат од компанијата, металната конструкција на мостот била исечена со што се ставени во опасност луѓето и материјални средства.
Кражбата била забележана при редовна обиколка на гасоводот на подрачјето на општина Зеница, при што вработените во компанијата забележале дека недостасуваат 30 метри од мостот преку реката Босна.
Преку тој мост поминуваше и магистралниот гасовод, од кој гас добиваат неколку фабрики во индустриската зона на градот, но, како што наведуваат од компанијата, со оглед на тоа што сега веќе гасоводот не е прицврстен за мостот можно е да има прекин на снабдувањето со гас.
Мостот се води во сопственост на компанијата, затоа што таа ја финансирала неговаа реконструкција, па затоа од компанијата го пријавиле исчезнувањето на мостот како тешка кражба, пишува порталот депо.ба.
Comments are closed for this post.