Убиецот на Аркан, Доброслав Гавриќ, непосредно по ликвидацијата на Командантот бил погоден во грбот. До ваков податок дошле српски медиуми повикувајќи се на доверливи информации од истрагата.
Гавриќ се упатил кон хотелот „Интерконтинентал“ со уште двајца сторители. На него носел панцир, но тоа не му помогнало бидејќи бил погоден во грбот.
Непосредно по убиството, Гавриќ побегна во Јужна Африк каде живее и денес. Во меѓувреме во одсуство беше осуден на 35 години затвор, но јужноафриканските власти одбиваат да го испорачаат.
Comments are closed for this post.