Турската полиција уапси 13 академици, деловни луѓе и новинари, во рамки на истрагата против затворениот бизнисмен и активист, Осман Кавала. Апсењата се спроведени во Истанбул и три провинции во истовремени операции.
Полицијата ги испрашува уапсените за врските што ги имале со Кавала, филантроп и бизнисмен, кој е уапсен пред една година под обвинение за „обид за уривање на уставниот поредок и Владата“.
Против Кавала досега не е покренато официјално обвинение.
Полицијата трага по уште седум лица кои имаат врска со асоцијацијата на Кавала, која тврди дека го промовира мирот и правата на малцинствата преку културата.
Comments are closed for this post.