Бугарската полиција уапси еден осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори блиски до истрагата.
Можеме да кажеме дека осомничениот е приведен, рекол изворот несакајќи да открива повеќе детали.
Медиумите во регионот излегоа со дополнителна информација, презентирана на бугарското радио, во која неофицијално се вели дека уапсеното лице е романски државјанин со пасош од Молдавија. Други детали не се соопштени.
Бугарските власти во меѓувреме отвориле истрага во врска со сомнежите за злоупотреба на пари од ЕУ-фондовите, по убиството на телевизиската новинарка Викторија Маринова, чие тело беше најдено пред три дена покрај реката Дунав, во нејзиниот роден град Русе. Во бугарското општество постоеше силна поларизација во поглед на мотивите за убиството на 30-годишната истражувачка новинарка.
Бугарската новинарка, Викторија Маринова (30) е брутално претепана, силувана и задавена во саботата во бугарскиот град Русе, а нејзиното тело е пронајдено во парк недалеку од реката.
Маринова беше уредник на бугарската телевизија ТВН.
Comments are closed for this post.