Ералд Мема (33) еден од водачите на организирана криминална група која се занимавала со трговија со кокаин, кој долги години живее во Велика Вританија, е осуден на 25 години затвор.
Мема, како што наведуваат албански медиуми, од 2003 година се води со адреса на живеење во Оксфорд. Тој е уапсен лани во ноември во операцијата „Осило“.
Полицијата собрала многу докази за неговата улога во бизнисот со кокаин. Вчера од Судот во Оксфорд е осуден на 25 години затворска казна. Пред апсењето на Мема уште 19 лица без осудени заради нивната вклученост во крминалната банда.
Comments are closed for this post.