Интеграцијата на уште една земја во НАТО несомнено не може да ја зајакне стабилноста и безбедноста на Балканот, вели рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов во интервјуто за информативниот портал „Спутник”.
Амбасадорот на Русија објаснува дека тие како постојан член на Советот за безбедност сметаат дека биле прекршени законските процедути во процесот на одобрување на договорот, јави МИА од Атина.
Маслов додава дека двете страни стигнаа до договор, најдоа ново име и тоа е прашање што се однесува на двете страни „и се чини како да нема ништо лошо во тоа”.
-Проблемот, сепак е дека процесот на официјализирање на договорот беше со сериозни прекршувања во домашното право на една од земјите. Референдумот за името таму беше неуспешен. И покрај тоа, процесот на ратификација ја игнорираше волјата на најголемиот дел од населението на земјата. Русија како постојан член на Советот за безбедност на ОН – а и името секако е на агендата на Советот за безбедност од 1993 година – го нагласува фактот дека беа прекршени законските јасности на процесите за одобрување договорот. И секако, како што реков, таков забрзан, трескавичен прием на балканска земја во НАТО не може да биде фактор на стабилност, вели Маслов во интервјуто за „Спутник”, пренесе МИА.
Comments are closed for this post.