Косовскиот претседател Хашим Тачи го откажа учеството на самитот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што во рамки на годишниот состанок на гувернерите на таа банка утре и задутре ќе се одржи во Сараево, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението од неговиот кабинет, Тачи се заблагодарил на ЕБОР за поканата и рамноправниот третман на Косово на таа средба, меѓутоа го откажал учеството заради лошите билатерални односи меѓу Косово и домаќинот, Босна и Херцеговина (БиХ). Тачи го откажа учеството на самитот на ЕБОР поради односите со БиХ.
Comments are closed for this post.