Претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи во присуство на високата претставничка на ЕУ , Федерика Могерини се ракуваа во Тирана каде се одржува Самитот Процес Брдо – Бриони.

Српскиот претседател за време на престојот во Тирана според медиумите од регионот одбил да се слика со претседателот на Албанија, Илир Мета.

Могерини на Твитер објави фотографија од ракувањето на Вучиќ и Тачи, поздрав кој медиумите го оценија како многу студен.

За краткиот поздрав со Тачи претесдателот на Србија, Вучиќ изјавил дека бил само пристоен и дека со Тачи се ракувал како со сите други кои ги сретнал .