Стотици албански граѓани и денеска се упатија кон соседна Грција, каде ќе да бидат ангажирани како сезонски работници.
На преминот Капштица кај Корча, за влез се чека со часови. Оние кои минуваат на овој премин мора да имаат со себе негативен резултат на тест за Ковид-19 и договор за вработување од грчки работодавец, пренесува Ора њуз.
Анкетирани граѓани, главно од југоисточниот дел на земјата, кои гравитираат кон преминот револтирани се поради неможноста егзистенцијата да ја обезбедат во родното место.
Чекам четири часа, потрошив куп пари за тестот и за патот. Ова е државата на Еди Рама, му го даваме гласот а ги остави младите на улица. Немаме пари за исхрана а не за другите потреби. Капштица ја отворија Грците и ете одиме да заработиме. Алал да им е, зашто немаме никакви приходи, изјави граѓанин што чека во ред.
Со месеци затворениот граничен премин „Капштица“ според граѓаните, донел сериозни последици врз нивната семејна економија.
Останавме дома, без работа. Многу лошо влијаеше на тоа, јас сум четворица дома, имам две мали девојчиња. Ќе беше поинаку доколку бевме на другата страна, вели друг албански граѓанин.
Илјадници албански граѓани основната егзистенција, како сезонски работници, ја обезбедуваат надвор од Албанија, главно во Грција, а помал број и во Северна Македонија.
Comments are closed for this post.