Четворица српски градоначалници на Косово поднесоа оставки поради како што наведуваат „кршење на човечките и економските права на Србите“.Оставки си поднесоа градоначалниците на северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ, на Зубин поток,Стеван Вуловиќ, на Звечан, Вучина Јанковиќ и на Лепосавич, Зоран Тодиќ.
Меѓу причините за тоа во заедничката изјава тие го споменуваат воведувањето на високиот данок, како и полициската акција за апсење на Милан Радојчиќ, како осомничен за убиството на Оливер Ивановиќ. Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, објави дека ќе се формира кризен штаб кој ќе носи одлуки во зависност од случувањата.
Тие најавија прекин на секаква комуникација со властите во Приштина. Оваа одлука доаѓа како реакција на одлуката на Владата за 100 проценти повисоки царинаски стапки на српските и босанските производи на Косово.
Како што се наведува во соопштението , одлуката на градоначалниците ќе остане на сила ,,се додека целосно бидат повлечени дискриминаторските мерки на Приштина.”
Вработените во Судот во северниот дел на Митровица пак денеска одлучија да ја прекинат работата во знак на солидарност со жителите на четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово, кои протестираат.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека утре ќе ги коментира оставките што денеска ги поднесоа градоначалниците затоа што, како што рече, денеска е „зафатен со други задачи“
Comments are closed for this post.