Турција го разреши од функција шефот на Централната банка Мурат Четинкаја. На негово место е назначен заменикот Мурат Јусал. Одлуката е спроведена по објавување претседателски указ, јавија западни медиуми.
Засега нема информации за официјалната причина за промената во раководството на банката.
Според западни медиуми промената е најверојатно поради несогласувања меѓу Четинкаја и турскиот претседател Реџеп Тајип Eрдоган. Четинкаја беше на функција од 2016 година.
Comments are closed for this post.