Словенија, поради демографска стагнација, се повеќе станува старо општество, бидејќи животниот век се продолжува, а стапката на фертилитет не го достигна просекот на репродукција во Европската унија.
Имаме тешкотии со обновувањето на популацијата, мора да продолжиме да бараме решение, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор на советување за демографските трендови и стареење на населението.
Економистот Јанез Малачич, експерт за демографски прашања, рече дека поради ниската стапка на фертилитет доаѓа до брзо стареење на населението. Според него, едно од решенијата би била миграцијата.
Тој предупреди дека во тој случај треба да се води политика на доселување квалификувана работна сила и стручњаци.
Comments are closed for this post.