Еден од главните причини што ЕУ го одложува проширувањето со земјите од Западен Балкан е албанската мафија која е расширена низ Европа.

Како што пренесува „Република.рс“, ЕУ сега и не размислува за проширување во ситуација кога целиот пазар со дрога и човечки органи е контролиран од страна на албанската мафија, смета Џон Номикос, директор на истражувачкиот институт за европски и американски студии.

Експертите предупредуваат дека во Европа владеат пет албански кланови. Кај нив дисциплината е на прво место, потоа бесата односно дадениот збор и крвната освета.

Кланот Рудај се бави со шверц на оружје дрога, азиланти, како и фалсификувана стока. На второ место се Кула, Абази, Боричи и Брокај кои се четири кланови поврзани меѓу себе.Тие „работат“ воглавно во Италија со шверц на оружје и проституција.

Кланот Османи најмногу е застапен на Косово, Црна Гора, Грција, Турција и во Македонија.Го сочинуваат неколку браќа кои си ги имаат поделено ресорите.

Ќељменди

Водач е Насер Кељменди кој е осуден на шест години затвор на Косово. Овој клан се занимава со трговија на хероин и кокаин кој го транспортираат низ Европа.

Лушња

Главно работат во Турција а водачот Алдо Баре служи доживотен затвор. Се занимаваат воглавно со нарачани убиства и кидналирања.

Красничи

Го предводат браќата Бруно и Самир Красничи и работат главно во САД.Нивна специјалност се убиства, кражби киднапирања и изнуда.