Раде Трајковски кој беше повреден во вчерашното пукање во „Ист Гејт“ неколку години живеел лагоден живот во Белград.Српските медиуми пишуваат дека тој бил навистина „лабав“ во српската престолнина и се навикнал на тамошниот живот.

Но, кога Србија реши да го екстрадира во Македонија тоа значеше и дека се соочува со затворска казна поради убиството на фубалерот Јанушев.

„Телеграф.рс“ оди дотаму што пишува дека Штекли знаел дека ќе биде мета и оти на обидот за убиство му претходела најава на „ТикТок“ од непознат маж кој му се заканувал.