Српските медиуми се сомневаат дека пејачот Шабан Шаулиќ не е соодветно истретиран од германските лекари и дека можеби станува збор за убиство. Сомнително е што во истрагата е вклучена криминалистичката полиција.
На германските полицајци, но и на обвинителството не им е јасно како се случила смртта на пејачот бидејќи по сударот тој бил свесен и сам влегол во возилото на брзата помош. Шабан дури и разговарал со медицинската екипа и во првиот момент делувало дека животот не му е загрозен.
Неговата обдукција ќе ја прават врвни експерти кои треба да откријат дали на Шабан му дале да испие некое средство за смирување после што тој изгубил свест и повеќе не се пробудил.
Comments are closed for this post.