Српската железница објави видео со снимки од безбедносните камери на железничките премини во земјата, на коишто може да се види крајно неодговорното и небезбедно однесување на граѓаните, коишто ги преминуваат пругите во моменти кога рампите на преминот се спуштени и доаѓа воз.
Притоа, доста често, возилата не ни подзастануваат за да видат дали се приближува возот или, пак, преземаат ризични маневри движејќи се околу спуштените рампи.
Поради таквото неодговорно однесување на возачите, како што соопштуваат од српската железница, во пораст е бројот на на несреќи на пругите што во последните две години предизвика смрт на 18 луѓе.
Comments are closed for this post.