Радован Караџиќ, поранешниот претседател на Република Српска, стравува за својот живот во британскиот затвор Вајт. Нему му е забрането да има контакт со семејството, не добива лекови или соодветна храна и започна штрајк со глад.
Веќе нема да молчам и да мислам што ќе им текне понатаму ако зборувам, бидејќи не можат ништо повеќе од тоа што ми го прават сега, единствено што им останува е да ме убијат!.Не ми даваат ни перница-изјави Караџиќ.
Радован Караџиќ, поранешниот претседател на Република Српска, му ги кажа овие драматични зборови на својот адвокат Горан Петронијевиќ, бидејќи со месеци трпеше огромна психичка и физичка тортура во британскиот затвор на островот Вајт. Караџиќ тврди дека му биле одземени парите, компјутерот и контактот со семејството, дека не добива ни соодветна храна и лекови, поради што започна штрајк со глад!!!
Comments are closed for this post.