Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај објави дека најголемиот рудник на Балканот, Трепча конечно е под нивно владение, односно под законите на Косово.
Иако српските власти тоа не го признаваат, факт е дека отсега со неговите ресурси ќе располага Косово.
Трепча е непресушен извор на јаглен и на минерали и затоа беше борба кој да го поседува.
Неговата вредност се проценува на околку 500 милијарди долари и тешко е да се очекува дека на властите во Приштина уште долго ќе им дозволат да управуваат со неговите рудни богатства.
Како што пренесува „Еспресо.рс“, интерес за Трепча веќе покажале групацијата „Инвидите“ на чело со поранешниот генерал на НАТО , Весли Кларк, кој беше активен за време на бомбардирањето на Србија, потоа милијардерот Џорџ Сорос, како и американската корпорација „Аврупа минералс“.
Comments are closed for this post.