Од денеска Романија го презема од Австрија претседателството на ЕУ, соопшти Еуроњуз. Паролата на нејзиното претседателство е „Зближувањето-заедничка европска вредност“.
Романија ќе претседава со ЕУ во наредните шест месеци. Во овој период, Велика Британија и официјално ќе излезе од Унијата, а покрај тоа, ќе бидат спроведени и изборите за европскиот парламент.
Истовремено, Романија ќе треба да ги убеди своите партнери дека ја продолжува борбата против корупцијата и го почитува владеењето на правото.
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, веќе испрати критики адресирани до Романија. Романската влада, пак, објави дека е целосно подготвена за претседателството. Во јули тоа ќе биде преземено од Германија.
Comments are closed for this post.