Албанскиот премиер Еди Рама го смени планот и сепак отпатува во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на ОН.
Денеска е вообичаен ден во Албанија и одлучив да отпатувам во Њујорк, каде ќе се сретнам со претседателот на САД и други шефови на држави или влади, или личности. Во име на Албанија ќе говорам на Генералното собрание на ОН“, изјави Рама.
Рама претходно го откажа патот во Њујорк поради серијата земјотреси кои ја погодија Албанија изминатиов викенд.
Comments are closed for this post.