Премиерот на Албанија, Еди Рама, предупредува на негативните последици од доцнењето или неисполнувањето на обврските од страна на ЕУ во врска со пристапните преговори со неговата земја.
„Јавното мислење е многу чувствително за овој процес“, изјави Рама за австрискиот весник „Клајн цајтунг“: Тој посочи дека ова е особено точно за Албанија, која има историја на изолација и варварска диктатура зад себе.
„За Албанците, учеството во европското семејство со сите права е незаменлива цел“, подвлече Рама.
Тој не сакаше да процени дали преговорите за пристап ќе бидат отворени до претседателството на Португалија со ЕУ, до крајот на јуни.
„Во моментов е невозможно да се предвиди што ќе стори ЕУ. Полесно е да се предвиди дека Австрија ќе биде светски шампион во фудбал, отколку што ќе стори ЕУ“, рече Рама.
Тој посочи дека постои силна група на членки во ЕУ која ја поддржува Албанија од почетокот на пристапните преговори, но од друга страна, додаде тој, има некои земји кои се скептични и покрај фактот дека одлуката за почеток на преговори мора да бидат направени од сите земји.
„Тој почеток е блокиран, бидејќи е потребен консензус“, истакна албанскиот премиер.
Comments are closed for this post.