Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави дека „е време“ да се формира Работна група на Министерството за здравство за анализа на смртните случаи за време на епидемијата со Ковид-19, за доброто на идните генерации.
По состанокот со државните секретари и раководителите на здравствените институции, Лончар за Радио Телевизијата на Србија изјави дека Работната група ќе вклучува претставници од болниците, локалните самоуправи и оние кои се занимаваат со статистика.
Рековме дека кога условите ќе бидат соодветни, ќе формираме тим што ќе се занимава со анализа на смртни случаи од Ковид-19. Единствениот начин да се знае со сигурност дали некој починал од короната е обдукција, но тоа не беше дозволено да се направи по препорака на СЗО на такви пациенти, изјави српскиот министер.
Тој додаде дека во анализата ќе бидат вклучени и луѓе кои починале, но не биле во болница.
Comments are closed for this post.