Полицијата го уапсила професорот Денис Химци од Универзитетот во Елбасан, Албанија заради тоа што побарал од студентка сексуални услуги за тој да и напише оценка дека положила испит кај него. Химци, како што објавуваат албанските медиуми, бил уапсен вчера веднаш откако на истражувачката ТВ „Стоп“ беше објавено видео во кое тој на студентката и бара секс за положен испит.
Полицијата соопшти дека 36-годишниот граѓани е соочен со криминален случај за незаконско влијание на јавно лице и пасивна корупција преку користење јавни функции. Материјалот му е предаден на обвинителството во Елбасан.
Видеото пуштено синоќа на ТВ ја шокирало јавноста, а тоа зборува и за тоа во каква состојба е албанскиот образовен систем.
Универзитетот „Александер Џувани“ денес го суспендираше професорот Химци, објавено е на интернет страницата на Универзитетот и се дистанцираше од тој случај.
Comments are closed for this post.