По завршувањето на свечената литургија во атински храм по повод националниот празник на Грција и по интонирањето на грчката химна, во моментите кога шефот на државата Прокопис Павлопулос ги поздравуваше граѓаните, обезбедувањето и полицијата приведоа маж кој се обиде да му се приближи на претседателот, а малиот инцидент го снимија камерите на државната телевизија ЕРТ за време на директниот пренос од настанот, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчките медиуми, повикувајќи се на полициски извори објавија дека станува збор за 45-годишен маж, корисник на дрога, кој веднаш бил приведен и одведен во полиција за да се испита која била неговата намера.
Претседателот на Грција, Павлопулос и покрај обидот на непознатото лице, продолжи да ги поздравува присутните граѓани.
Comments are closed for this post.