Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна со претседателот на Владата на Словенија Марјан Шарец. Тема на разговорите биле односите меѓу двете земји, економската соработка и евроинтеграциите.
Претседателот Вучиќ се заблагодари на поддршката која Словенија ја нуди на Србија во процесот на евроинтеграциите, а посебно на континуираната политичко и техничко-експертската помош во конкретни поглавја од преговорите.
Тој нагласи дека Србија ја гледа Словенија како многу важен партнер како билатерално, така и во регионален и европски контекст.
За Србија, Словенија е многу важна како економски партнер со кој постојат стабилни економски текови, поврзани пазри и се поуспешна инвестициска соработка, истакна претседателот Вучиќ.
Словенечкиот премиер пак, рече дека Словенија нуди подршка за дијалогот Белград и Приштина, затоа што, како што вели, во интерес на Словенија е односите во регионот да бидат добри.
Тој додаде дека Србија може да смета на поддршката во врска со проширувањето на ЕУ.
Двајцата соговорници констатираа дека билатералните односи се многу интензивни, за што сведочат меѓусебните посети на високо и највисоко ниво.
Трговската размена минатата година пораснала за 14 отсто, а Словенија со милијарда евра е еден од најголемите инвеститори во Србија.
Како заговорник за проширувањето на Западен Балкан, Словенија ги поддржува европските интеграции на Србија, се наведува во соопштението од Службата за соработка со медиумите на Претседателот на Србија.
Comments are closed for this post.