Кога ќе дојде време да дискутираме за Договорот од Преспа ќе претходи предлог за гласање недоверба од нас и тогаш ќе видиме кои ќе и дадат глас за доверба на владата, вели Теодорос Караоглу, пратеник од Нова демократија во интервју за радиото на грчката новинска агенција.
Пратеникот од грчката опозициска партија вели дека иницијативата за гласање недоверба на владата е нивно парламентарно оружје.
Не е одлучено, но од 17 декември веќе имаме можност да го сториме тоа, што значи дека можеме да го сториме тоа, штом сфатиме дека доаѓа за ратификација овој срамен договор. Ќе бидеме на готовност, ќе ги имаме собрано сите потписи од колегите, за да го доставиме предлогот за недоверба и секој тогаш ќе се најде пред одговорност, вели пратеникот од Нова демократија.
Караоглу, за радиото изрзил проценка дека за ратифокација на Договорот “за жал ќе се најдат над 150 пратеници, колку што се потребни за да помине договорот”. Според него, од СИРИЗА, сите 145 пратеници ќе гласаат “за”, од Река 4 и исто толку од Независни Грци ќе го поддржат договорот.
Comments are closed for this post.