Откако премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се номинирани за Нобелова награда, српските медиуми уверуваат дека следен кандидат би можел да биде и американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што објавува српски Курир, ова нема да биде изненадување доколку Трамп со својот ангажман успеее да ги доближи до решение Белград и Приштина.
Дачиќ веќе најави дека може да се очекува САД и Русија да се приклучат на преговарачка маса во дијалогот помеѓу Србија и Косово.
Comments are closed for this post.