Поранешниот албански премиер и актуелен министер за дијаспора Пандели Мајко, изјави дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднел оставка како вистински државник.
Харадинај, напиша Мајко на Фејсбук, презеде чекор што го прави Косово достинстевно како држава.
– Рамуш Харадинај поднесе оставка од функцијата премиер како вистински државник. Тој направи чин што го прави Косово држава со која управуваат државници кои ја разликуваат нивната лична судбина со онаа на националната безбедност. Делата на еден човек се вредни повеќе од неговите слабости. Денеска сум со Рамуш! Му благодарам на командантот за примерот во војната, а денес во мир, напиша тој.
Косовскиот премиер Харадинај денеска поднесе неотповиклива оставка, бидејќи, како што соопшти, добил покана од Специјалниот суд за воени злосторства
Comments are closed for this post.