Нови шокантни информации излегуваат за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ кое се случи пред 15 години. Иако истрагата покажа дека тоа е дело на Земунскиот клан и дека вистинскиот извршител беше Ѕвездан Јовановиќ, а еден од нарачателите бил Милорад Улемек Легија, тоа можеби и не е така.
Како што објавува „Српски Телеграф“ вистинскиот убиец бил извесен човек со име Хил кој бил еден од најдобрите англиски снајперисти. Дури е објавен и негов фото-робот.
Тој добил налог да го убие премиерот и неколку дена заедно со неговата екипа пристигнале во Белград. Тие во најголема тајност се сместиле во куќа близу аеродромот Сурчин.
Тој се сместил спротивно од зградата каде што биле позиционирани лицата за кои досега се сметаше дека го извршиле атентатот. По успешно извршената задача веднаш ја напуштиле земјата што и не било тешко бидејќи границите се затвориле дури неколку часови по настанот.
Се верува дека англискиот снајперист го испукал третиот куршум кон премиерот за што говори и поранешниот премиер на Ѓинѓиќ, Милан Верувовиќ, во својата книга „Тречи метак“.
Comments are closed for this post.