Шаторскиот камп „Чацилeнд“ во Белград, подигнат во близина на српскиот парламент, беше збришан по невремето што вчера го зафати Белград.

Чациланд е популарен термин за контрадемонстрантите кои себесеи се нарекуваат „Студенти кои сакаат да учат“ и кои подигнаа мини шаторска населба пред Собранието на Србија давајќи ѝ поддршка на актуелната власт предводена од Александар Вучиќ.