Мирнеса Бешлиќ од селото Бусовача во Босна ја крена цела Германија на нозе поради кражбата на повеќе од еден милион евра од фирмата во која работеше.
По неа се трага, а полицијата со денови не може да ѝ влезе во трага. Во Штутгарт е позната и по прекарот Мики, а пред да работи во оваа компанија работела како келнерка, пренесува Дневни аваз.
Новинарите го посетија нејзиното родно место. Мирнеса има брат близнак, уште една сестра и мајка.
Нејзиниот татко Исмет Бешлиќ починал минатата година. Тој изградил голема куќа во Бусовача каде таа повремено доаѓала.
Comments are closed for this post.