Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Артман објави како Слободан Праљак го внел отровот во судницата.

Тоа го сториле луѓе кои присуствуваа на судењето, зашто во притворот Праљак не можел да има цијанид, па тоа фрла сомнеж на неговиот адвокатски тим или на некој од амбасадата. Главно отровот го внел некој кој имал пристап до Праљак пред влез во судницата, вели Артман.

Пензионираниот генерал на хрватската војска Слободан Праљак се самоуби испивајќи цијанид на изрекувањето на пресудата на Хашкиот трибунал за воени злосторсктва на 29 ноември 2017 година. Праљак оставил две проштални писма.