Се појави и трет нон-пејпер за решавање на спорни прашања на Балканот. Тој има 16 точки за идниот статус на Косово.
Кој го креирал овој нон пејпер не е познато, а документот го објави германскиот магазин „Зуерст“. Овој неформален документ претставува мал дипломатски подвиг, затоа што со него за разлика од претходните два нон –пејпери пласирани во јавноста, не се нарушува резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ООН.
Амбасадорот на Србија во ОН, треба да има заменик назначен од приштинските власти. Според нон пејперот, Косово треба да остане во Србија уште 99 години, и во рамките на српската држава да добије специјален статус. Предвидено е околу 873.000 косовски Албанци и граѓани на Косово да добијат државјанство на Република Србија. Се предлага да се одржат заеднички избори во Косово и Србија во април 2022 година, на сите нивоа а избраниот гувернер на Косово да ја добие функцијата заменик претседател на Националното собрание на Србија. Белград е обврзан да гарантира посебен статус за покраината Косово, а безбедноста на надворешните граници заеднички ќе ја преземат официјалните претставници на Косово и Србија. Претходните два нон пејпери беа фокусирани на поделба на БиХ и спојување на Косово и Албанија, односно во вториот нон пејпер се разработуваше план како да се подели Косово, што ќе им припадне на Србите, а што на Албанците. Многу земји се изјаснија дека се против промена на границите на Балканот. Против е ЕУ, и САД.
Comments are closed for this post.