70-годишната Г.С. која беше тешко повредена од несреќата кај Ниш откако воз удри во автобус, почина синоќа како последица на сударот кој се случи на 21. декември на еден од железничките премини во близината на градот.
И покрај напорите на лекарите да и го спасат животот, сепак, повредите на карлицата и на белите дробови беа фатални за оваа жена која не успеа да ја добие најважната битка.
Таа е шеста жртва во оваа несреќа, во која беа повредени и 34 лица.
16-годишната Л.И. која беше тешко повредена во истата несреќа, се разбуди од кома. Нејзината состојба и понатаму е сериозна, но покажува знаци на подобрување, велат од болницата во Ниш.
Comments are closed for this post.