Декларацијата на МНР за македонскиот јазик во делот за дијалектите предизвика револт кај нашинците во соседните земји.
Tие прашуваат како е можно македонскиот јазик да бил создаден само од дијалекти кои биле на теритроријата на денешна Република Македонија.
По таа логика македонците од леринско зборуваат на некој друг дијалект а не на еден дијалектите на македонскиот јазик. Иако леринскиот говор припаѓа на еден од централните македонски дијалекти според кои е кодифициран македонскиот литературен јазик.
Павле Васкопулос од „Виножито“ објаснува дека дијалекти постојат и таму кај нив во Грција а не пак во Македонија.
Но, едно е официјален јазик во една држава а друго е дека има има многу дијалекти токму на државата каде што е официјален и во соседните држави каде што малцинствата живееле. Во минатато едно население зборувало ист јазик со разни дијалекти а немало национални држави и граници-објаснува Васкопулус за „Пресинг ТВ“.
Тој додава додава дека ако една држава не почитува и не признава малцински јазик тоа не значи дека јазикот не потои.
Нема дилеми дека македонската изјава за јазикот е полоша дири и од бугарската каде што се тврди дека македонскиот јазик е еден од дијалектите на бугарскиот.
Ова значи дека се откажуваме од егејските и пиринските дијалекти кои се лингивстички признати во славистиката.
Стојко Стојков од „Омо Илинден-Пирин“За жал и ова еднострана декларација е формулирана на начин, ако може да ја налути помалку бугарската држава, така што како територијален континуитет на македонскиот јазик се посочуваат „дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Македонија“.
Дијалектите кои се зборуваат во Македонија се зборуваат и надвор од неа во поголем дел од Пиринска и Егејска Македонија. Дури и во Рамковната позиција на Бугарија има директно признание дека јазикот што се зборува во Македонија се зборува и во регионите на Бугарија кои се гранични со Македонија. Територијалното ограничување на базата на македонскиот јазик и оди директно во прилог на бугарската теза дека македонскиот јазик, базираните врз него култура и нација се територијално а од таму и временски ограничени во рамките на политиката творба Македонија и не се протегаат надвор од неа ниту временски ниту просторно. Тажно е што дури и во еднострани декларации се нема доволно храброст да се заштити целосно македонската позиција, туку се бара избегнување конфронтација-објаснува Стојков за „Пресинг ТВ“.
Според дијалектичката поделба на македонскиот јазик постои северно наречје во кое спаѓаат тетовскиот и горанскиот заедно со скопскиот и кумановскиот, југозападното кое спаѓа костурското наречје, западното со гостиварското и реканското, источното наречје во кое влегуваат стумичкиот и малешвско-пиринскиот говор и југоисточното во кое спаѓаа солунско-воденскиот говор.
Comments are closed for this post.