Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, изјави дека Приштина ќе им забранува посети на високите српски претставници доколку постојат силни докази дека тие доаѓаат со лоша намера.
Пацоли нагласи дека Приштина ќе му забрани посета секому што се обидува да ги наруши меѓуетничките односи, додека, пак, пријателите се секогаш добредојдени.
Пацоли тврди дека Косово е слободна и демократска држава која гарантира слобода на движење.
Приштина досега многу пати им забрануваше влез на српски претставници во Косово, а последниот случај беше на 10 јули кога не им беше дозволена посета на српскиот министер за одбрана Александар Вулин и делегацијата од Министерството за одбрана и Военото здравство на Клиничкиот-болнички центар во Косовска Митровица.
Comments are closed for this post.