Германија има недостик од камионџии. Според проценките на агенциите за вработување во моментов недостасуваат околу 50.000 возачи додека за неколку години бројката ќе порасне на 150.000.
Причина за тоа е што поголем дел од тие што сега работат се при крај на работниот век и полека се пензионираат, додека пак за младите Германци оваа работа не е привлечна. Затоа се повеќе се бараат возачи од Балканот кои важат за вредни работници а просечната плата е 2500 евра за 8-9 часовно време и слободни викенди.
Comments are closed for this post.