Комисијата за трговските ознаки меѓу Северна Македонија и Грција што треба да се формира во текот на оваа година, согласно Договорот од Преспа, предвидува дијалог меѓу бизнис заедниците, а не билатерален меѓудржавен дијалог, рече генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи од Министерството за економија и развој на Грција, Димитрис Авлонитис на информативната средба со новинарите за трговските ознаки во рамките на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој објасни дека претставници на бизнис заедниците од двете земји, прво ќе се сретнат, за да ја регистрираат актуелната ситуација, да видат дали постојат проблеми, а потоа да најдат заемно прифатливи решенија за употребата на географските термини во трговските ознаки.
Меѓу 19 различни обезбедени ознаки, неодамна била регистрирана е и „Македонската новинска агенција“, односно делот од грчката новинска агенција со седиште во Солун. Комисијата за трговските ознаки, согласно Договорот од Преспа, треба да се формира во текот на 2019 и ќе ја заврши нејзината работа во рок од три години.
Comments are closed for this post.