Турски суд осуди денеска 74 лица, меѓу кои и војници, на доживотен затвор поради нивната улога во обидот за преврат во јули 2016 година. Тие се осудени на строг доживотен затвор под обвинение за „обид за промена на уставниот ред“ и немаат право на амнестија. Засега не е познато колку воени лица има меѓу групата осуденици.
Повеќе од 240 луѓе загинаа, а околу 2.200 беа повредени при обидот за пуч во Турција, а кој Анкара го обвинува исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен и неговото движење, кое во Турција е наречено ФЕТО – Фетулахистичка терористичка организација.
По обидот за преврат турските власти спроведоа огромна чистка против наводни поддржувачи на Ѓулен, апсејќи околу 160.000 лица, меѓу кои универзитетски професори, воени и државни службеници. Од нив, според Министерството за внатрешни работи, 77.000 се официјално обвинети и ставени во притвор додека трае судскиот процес против нив
Comments are closed for this post.