Бугарската гранична полиција близу брегот на Црното Море пронајде трета торба, со 16 килограми кокаин, која била прикачена на појас за спасување. Со тоа, вкупната заплена во последните 10 дена изнесува над 200 килограми.

Засега нема официјална потврда дека пронајдената торба е поврзана со пакетите со вкупно 170 килограми кокаин, кои беа пронајдени пред шест дена, близу Туленово, или со торбата со 25 кг дрога на брегот на Сончев ден, близу Варна. Во двете заплени, пронајдениот кокаин беше со многу висока чистота. (МИА)