Никола Спасојевиќ, сведок-соработник во постапката против кланот Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за седум убиства, трговија со дрога и оружје ред Специјалниот суд изјавил дека Миљковиќ имал љубовница и дека ѝ купил„смарт автомобил со четири врати“ како подарок.

Спасојевиќ, кој е кум на Марко Миљковиќ, вчера беше сослушан како сведок против Беливук, Миљковиќ и нивните сопруги Бојана и Тања во друга судска постапка, која се води поради сомневање дека парите заработени од криминал биле вбризгувани во легални канали со купување станови, куќи, автомобили и луксузни часовници.